Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 1. јули 2024 година, стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје.
– Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките локалитети од каналот „Студенчишта“ до „Св. Наум“, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека забраната ќе биде на сила до 31-ви август 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 43