Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во вторник започнува 63. издание на Балкански фестивал

Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 2-ри јули 2024 година, започнува 63. издание на Балкански фестивал, кое и годинава носи бројни настани.

Во вторник, во 20:00 часот ќе биде отворена традиционалната изложба „Моменти“, изложба на фотографии од авторот Антонио Стојчески. Во среда, на 3-ти јуни 2024 година во 19:00 часот ќе се одржи Дефиле пред НУЦК „Григор Прличев“, по што од 20:30 часот, на „Долни Сарај“ ќе се одржи Свеченото отворање на фестивалот со програмата на ансамблот за народни игри и песни на Македонија – „Танец“.

Во четврток, на 4-ти јули предвидени се настапите на „Севернашки ансамбл“ од Република Бугарија, како и КУД „Илинден“ од Битола со музичко-сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина и ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, Кочани со сплет на ора од Осоговијата.

На 5-ти јули 2024 година, на „Долни Сарај“ ќе настапат „Севернашки ансамбл“ од Бугарија, Фолклорното студио „Блажески“ од Скопје, Фолклорен ансамбл „Бисери“ од Охрид, КУД „Круг“ од Сиднеј и КУД „Бенџо“ од Мелбурн, Австралија.

Влезот за сите настани е слободен, а aлтернативна сцена е големата сала во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука