јуни 29, 2024

Охрид, 29. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 500 милиони долари долг оставил по смртта легендарниот музичар Michael Jackson.

Адвокатите тврдат дека покојниот пејач имал многу големи трошоци поврзани со подготовката на неговата последна турнеја „This Is It“. Дополнително, тие истакнаа дека Jackson дури неколку пати годишно менувал деловни и лични менаџери и адвокати.

Во годините по неговата смрт, адвокатите успеаја да ги подмират сите долгови и да го подобрат имиџот на Jackson и неговото наследство. Интензивно работеле да му се средат сите долгови и се договарале за враќање на долговите по значително поповолни камати и на тој начин успеале да ги исплатат до крај.

Michael Jackson почина во 2009 година на 50-годишна возраст. Две години по неговата смрт, беше откриено дека неговиот личен лекар, Conrad Murray, му дал преголема доза Propofol, што предизвикало срцева слабост и смрт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука