Загреб, 30. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според новиот водич на Michelin за Хрватска, кај нив има еден ресторан со две Michelin ѕвезди и 10 ресторани со една ѕвезда. Ресторанот „Agli Amici“ од Ровињ сега има две ѕвезди, а „Dubravkin put“ од Загреб ја доби првата ѕвезда. Сите други ресторани ги задржаа своите ѕвезди.
Покрај вкупно 11 ресторани со Michelin ѕвезди, Хрватска има и 71 ресторан кој е препорачан од Michelin. На оваа листа сега се додадени шест нови ресторани – „Wine Vault Restaurant – Levante Edition“ од Ровињ, „Spinnaker“ од Пореч, „Torero“ од Загреб, „Zinfandel Food & Wine bar“ од Сплит, „Restaurant Mare“ од Трогир и „Konoba Zijavica“ од Mošćenička Draga.
Комплетната листа со ресторани во Хрватска со Michelin препорака:
1. Luciano, Buje
2. Otok, Supetar
3. Matsunoki, Mali Lošinj
4. Dvor, Split
5. Theatrium by Filho, Zagreb
6. Nav, Zagreb
7. Takenoko, Zagreb
8. Le Bistro Esplanade, Zagreb
9. Mon Ami, Velika Gorica
10. Nicolo Polo, Gradac
11. Bistro Apetit by Marin Rendić, Zagreb
12. Boban, Zagreb
13. Marco Polo, Dubrovnik
14. Bugenvila, Cavtat
15. Gallo, Zagreb
16. Johnson, Mošćenička Draga
17. Foša, Zadar
18. Mediterraneo, Hvar
19. BÒME, Split
20. Tekka by Lone, Rovinj
21. Vapor, Dubrovnik
22. Mala Hiža, Mačkovec
23. Nautika, Dubrovnik
24. Morgan, Brtonigla
25. San Rocco, Brtonigla
26. Bistro Tavulin, Dubrovnik
27. Balon, Zagreb
28. Restaurant Mare, Trogir
39. The Restaurant at Maslina Resort, Stari Grad
30. El Toro, Zagreb
31. Waldinger, Osijek
32. Zinfandel Food & Wine bar, Split
33. Ribarska Koliba, Pula
34. Konoba TRS, Trogir
35. Konoba Tri Piruna, Vodice
36. Konoba Fetivi, Split
37. Tekka, Zagreb
38. Pod Zidom, Zagreb
39. Villa Ariston, Opatija
40. Zlatne Gorice, Varaždin Breg
41. Konoba Buščina, Umag
42. ZOI, Split
43. Spinnaker, Poreč
44. Šug, Split
45. Meneghetti, Bale
46. Konoba Boba, Murter
47. Marina, Novigrad
48. Stara Loza, Dubrovnik
49. ManO2, Zagreb
50. Cap Aureo, Rovinj
51. Kadena, Split
52. Damir & Ornella, Novigrad
53. Zinfandel’s, Zagreb
54. Il Ponte, Trogir
55. Dunav, Ilok
56. Bedem, Varaždin
57. Zrno Soli, Split
58. Jeny, Tučepi
59. Konoba Zijavica, Mošćenička Draga
60. PiNKU fish & wine, Split
61. Konoba Kala, Supetar
62. Filippi, Korčula
63. Restoran Dubrovnik, Dubrovnik
64. Zuzori, Dubrovnik
65. Proto Fish, Dubrovnik
66. Wine Vault Restaurant – Levante Edition, Rovinj
67. Badi, Lovrečica
68. Kaštel, Zadar
69. Torero, Zagreb
70. Pjerin, Dubrovnik
71. Zigante, Livade
Што претставува препораката
Препораката на Michelin значи дека ресторанот е признат за послужување храна на повисоко ниво, но сè уште не добил ѕвезда(и).
– Ресторан со препорака е знак дека се користат квалитетни состојки кои се добро подготвени, едноставно е знак за добар оброк. Тоа значи дека инспекторите откриле дека храната е натпросечна, но не сосема на ниво на ѕвезди, објасни Michael Ellis, меѓународен директор на водичот Michelin.
За жал. на официјалната веб страна на Michelin водичот не успеавме да најдеме ниту еден објект во Република Македонија со препорака или ѕвезда на престижниот Michelin. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr