Охрид, 29. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Гастрономско-угостителската понуда на Охрид од вечерва ќе биде збогатена со отворањето на италијанскиот ресторан DaLori.
Искуството стекнато во Италија ќе биде преточено во локалот во Охрид.
Различните видови пица и паста, како и најквалитетните италијански и домашни вина, ќе го имаат главниот збор во овој локал.
Се наоѓа на улица „Цар Самоил“ број 16 (поранешно „Немо“). Свеченото отворање е закажано за 19:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 118