Скопје/Охрид, 29. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во текот на 2023 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 780 бесправно изградени објекти.
– Според видот на објектот, бесправно се изградени 172 објекти за домување1) (22.1 %), 134 доградби, надградби и адаптации (17.2 %), 62 деловни објекти (7.9 %), 33 гаражи (4.2 %), 160 огради (20.5 %), 3 скалила (0.4 %), 12 тераси (1.5 %), 9 летни тераси (1.2 %), 63 натстрешници (8.1 %), 54 времени објекти (6.9 %) и 78 помошни објекти (10.0 %), стои во информацијата на ДЗС.
Во Охрид мината година се регистрирани 38 вакви објекти, а во соседна Струга бројката е 49. (Крај)
извор: ДЗС фото: ОхридПрес
Прочитано: 99