Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Познатото охридско семејство Талеви прослави еден век од изработката на првиот охридски бисер (Фото)

Охрид, 29. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во амбиентот на ресторанот „Ана Марија“ во Охрид, со прекрасен поглед кон древниот град и во присуство на голем број пријатели и соработници, охридската фамилија Талеви вечерва прослави голем јубилеј – еден век од изработката на првиот охридски бисер од рацете на членовите на семејството.

Приказната почнува во далечната 1924 година кога Ване Талев ја купил тајната формула за правење на емулзијата со која се премачкуваат бисерите.

Климент Талев е втора генерација во семејството кој и на негови 83 години сѐ уште изработува охридски бисери и е скоро секој ден во семејниот дуќан во чаршијата.

– Охридскиот бисер е единствен и уникатен, изработката е исклучиво рачна, тајната за емулзијата, направена од рибино сребро што се добива од плашицата се пренесува од колено на колено, порача стариот чувар на тајната.

Веќе 26 години традицијата ја продолжува неговиот син Ване, а работи и внукот Климент од пред речиси седум години. Во документарниот филм во продукција на Супер радио и OhridPress, Ване потенцира дека е особено горд што неговиот син ќе биде подобар од него. Климент пак, кој е четврта генерација што ја негува семејната традиција, вели дека е особено горд и си го сака ова што го работи.

Со мајсторот Климент Талев, неговиот син Ване и внукот Климент неодамна разговаравме и за тоа од каде дошол називот охридски бисер, пренесување на тајната од татко на син, чии сѐ грла низ светот се украсени со оригинален охридски бисер, но и за нелојалната конкуренција со која годиниве наназад се соочуваат.

Комплетното интервју ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхриДПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука