Охрид, 30. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со богата музичка програма за охриѓани и туристите, заврши третото издание на Ohrid Wine Festival.
Се одржуваше изминатите три дена, на кеј „Македонија“, на потегот пред хотел „Палас“.
Публиката уживаше со настапите на охриѓаните Backdoor band, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“ на отворањето во четвртокот, по што во петокто настапија Urban planet, Next time и Brass brothers. Во рамки на третиот, и последен фестивалски ден, синоќа за забавата беа задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.
Концертите на македонските музички артисти беа надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31