Избор Македонија Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ денеска избира нов партиски лидер: Во трка Филипче, Деспотовски и Бајдевски, Петровска се повлече

Скопје, 30. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ денеска избира нов лидер на партијата. Повеќе од 23.000 членови ќе избираат помеѓу четворицата кандидати, екс министерот за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и заменик министерот за информатичко општество Александар Бајдевски.

Помеѓу кандидатите беше и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, но таа на прес конференција најави дека се повлекува од трката поради бројни злоупотреби при регистрацијата на членови, а преку писмо од изборната комисија побарала и нејзиното име утре да не стои на избирачкото ливче.

Вонредните партиски избори СДСМ ги организира по оставката на Ковачевски поради историски најголемиот изборен пораз на партијата. Бројката од околу 23.000 членови кои се пријавени за гласање е за 3 до 4 пати помала во однос на претходните два изборни циклуси.

За избор, наследникот на Ковачевски утре треба да освои мнозинство гласови од бројот на оние кои ќе излезат на гласање. Новиот лидер сепак ќе има мандат до март следната година. (Крај)

извор: Тв Сител фото: 360 Степени

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука