Струга, 30. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јуни 2024 година, во 15:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ полициски службеници лишија од слобода две лица од Албанија, на возраст од 36 и 32 години.
– При извршена пасошка контрола било констатирано дека се бараат по распишана телеграма од ОВР Струга. Тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 31