Битола, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Битолчани го чуваат споменот на диџеј C-PURE – Кире Чипуровски. Неговите другари, пријатели, поддржувачи и битолските диџеи ја продолжуваат идејата за неговото дело со активноста која тој секодневно ја подаруваше за неговиот роден град.
– C-PURE Tribute, Од Градо За Чуипуро втор по ред хуманитерен настан од кој средствата ќе се поделат на луѓе со тешки болести и заболувања, цистична фиброза и наши сограѓани кои секојдневно ја водат битката со рак која нашиот драг и почитуван другар и пријател Кире Чипуровски Чипуро за жал ја загуби. Битолски диџеи заедно со Бекдор Бенд во понеделник, на 1. јули 2024 година, на отворено „Кај авионите“, најблиску до Боговите, догодина и во Џепане со тенденција на неколку дневен фестивал, стои во пораката објавена на социјалните мрежи.
Кире Чипуровски a.k.a C-Pure е роден во Битола, 1978 година. Роден во фамилија која знае што е музика, учел да свири на инструменти како мал. Како гитарист бил член на четири различни бендови. Потоа продолжил да работи во локална радио станица, каде имал своја радио емисија за алтернативна и new wave музика. Неговата страст кон електронската музика се родила кога го слушал раниот електронски звук на: Kraftwerk, F.S.O.L, Orbital, Orb, Prodigy, Leftfield, … и започнал да собира исклучиво електронска музика. Започнал со работа во клубот Iguchi кој бил култно место во тоа време. Овде имал прилика да ги совлада грамофоните и станал резидент на секоја петочна забава. Поради дефицитот на клубска сцена во Битола дошол до идеја да создаде тим кој ќе работи на ова поле во градот.
C-Pure беше еден од пионерите на електронската музика во Битола, а има настапувано во скоро сите клубови низ Македонија, а редовно настапуваше и во Србија (Ниш, Зајечар, Неготин, Бор и др.). Негов звук беше Electro House, Electro Tech, Techno и Minimal, но уживаше да свири и House, Disco, Funky Tech и Progressive. Настапуваше со сите домашни DJ кои ја практикуваат оваа музика, како и со многу странски DJ: Danilo Vigorito (ITA), Oliver Way (UK), Jamie Anderson (UK), HI FI Princess (CAN), Becka (ESP), DJ Murphy (BRA), DJ Jurr (NED), Jon Silva (GER), Marco Mei (ITA), Rui Da Silva (POR), Paco Osuna (ESP), Roelove 74 (NED), Dejan Milicevic (SRB), Tommy Boy (HUN)…. и многу други.
Почина на 27-ми март 2022 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива