Охрид, 30. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Љупчо Паункоски ја освои третата награда за најдобар филм за краткометражниот документарен филм „Киното Охридско Езеро“ на Меѓународниот фестивал во Шумен, Бугарија.
Наградите на најдобрите учесници на XXII Меѓународен фестивал на аматерски историски филмови им беа доделени на пригодна свеченост која се одржа во Народниот театар „Добри Војников-1856“ во Шумен. Со жирито претседаваше проф. д-р Божидар Манов и членовите д-р Силва Хачерјан, д-р Стефан Минков, д-р Александар Донев и Стефан Хаџи Андоновски.
Паункоски минатата година за филмот „Киното Охридско Езеро“ ја доби наградата УНИКА на 31. издание на фестивалот „Манаки“ за кратометражен документарен филм.
Во филмот се раскажува приказната за старото охридско кино од неговото изградба во 1924 година до неговото затворање кон крајот на осумдесеттите години. Последниот филм бил прикажан во 1989-та година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива