Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Милош Прелевиќ живее во неговото камп-комбе и патува по светот, го посети и Охрид, „магичниот град“ (Видео)

Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Милош Прелевиќ е нурчач, авантурист, човек кој го живее животот со полни гради.

Живее во неговото камп-комбе со кое патува по светот и како што вели најмногу сака локации покрај море или езеро, пред се’ поради неговата страст кон нуркањето.

Го посети и нашиот преубав Охрид, како што тој вели „магичниот град“, за кој направи две емисии на неговиот профил „Комбина“, од кои една за убавините на градот, а втората за нуркачкото искуство кај Заливот на коските.

Погледнете и уживајте.

извор: ОхридПрес фото/видео: Милош Прелевиќ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука