Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно ЛЕТО на СУПЕР: Подароци, забава и насмевки со Тамаро и нашите СУПЕР пријатели

Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе традиционално, повеќе од десет години, секое лето на Супер радио уживаме заедно во СУПЕР ЛЕТО во кое имаме огромен број подароци, забава и насмевки со „Тамаро“ маркетите и нашите СУПЕР пријатели.

– Ние сме летниот Дедо Мраз. Доделуваме подароци, носиме насмевки и секако врвна забава, порачуваат од Супер радио, водечкиот медиум во регионот, кој со иновативни и кретивни кампањи, секоја година ја продолжува соработката со најголемите компании во државата и регионот.

Ви гo претставуваме проектoт со кој стартуваме.

„Лудо“ лето со Луда Мара, Тиквеш и Тамаро во Охрид

Да го погледнеме светот во очи! Ова лето реката Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш.
Забави во најголемите „Тамаро“ маркети и секојдневни СУПЕР вредни подароци на Супер радио. За летни авантури кои доаѓаат брзо како и брзиот тек на реката.

Да знаете само што се’ друго ви подготвуваме!!!

Прекрасно лето 2024-то со Тамаро и Супер радио во Охрид – да уживаме заедно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука