Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од среда, 3-ти јули стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен „Билјанини извори“ како последни подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.
Нашиот шампион, тимот на „Струга Трим Љум“ ќе игра со тимот на „Слован Братислава“ од Словачка.
– Ние како претпријатие во соработка со македонскиот фудбалски шампион максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за одигрување на натпреварот. За да го постигнеме тоа од 3-ти до 25-ти јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи, информираат од ЈП „Билјанини извори“.
Оттаму се заблагодаруваат на разбирањето на актуелните корисници што во посочениот период нема да можат да го користат градскиот фудбалски терен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива