Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, вчера пристигна првиот авион на компанијата Air Serbia на релација Белград-Охрид.
Ова е само продолжување на успешната сезона од минатата година, кога бројни гости од Србија ги користеја поволните цени со овој авио-превозник за да уживаат на брегот на Охридското Езеро.
Според најавите, Air Serbia ќе лета до Охрид во среда и понеделник во 14:35 часот и во петок и сабота до 02:15 часот.
Српскиот туристички пазар е еден од најзначајните за македонскиот туризам, за тоа говорат и последните бројки каде е забележан раст на српски туристи и тоа за 19% во 2023-та споредбено со референтната 2019 година. Забележан е раст од 132% на туристи од Србија кои го посетиле Охрид во 2023 споредбено со 2019 година, има раст и кај ноќевањата од 173%. За да ги задржиме српските туристи еден ден повеќе се превземаат активности за промоција на туристичките продукти и дестинации со цел зголемување на бројот на српски туристи и остварени ноќевања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес