Охрид, 2. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. јули 2024 година, во 19:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Мешеишта, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Ауди“, управувано од страна на 22-годишно лице од Струга и патничко возило „Бмв“, управувано од 34-годишно лице од струшкото село Ливада, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 49-годишниот сопатник од возилото „Ауди“, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 28-годишната сопатничка од Струга од возилото „Бмв“, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива