Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворањето на 63. Балкански фестивал наместо на Долни Сарај ќе биде во Центарот за култура

Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради најавата за лоши временски услови, свеченото отворање на Балканскиот фестивал, утревечер наместо на „Долни Сарај“ ќе се одржи на алтернативната сцена во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев”, со почеток во 20:30 часот.

Инаку, настание во рамки на фестивалот започнуваат вечерва. Во 20:00 часот во галеријата при Центарот за култура ќе биде отворена традиционалната изложба „Моменти“, изложба на фотографии од авторот Антонио Стојчески.

Утревечер, на свеченото отворање, ќе настапи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија – „Танец“.

Во четврток, на 4-ти јули предвидени се настапите на „Севернашки ансамбл“ од Република Бугарија, како и КУД „Илинден“ од Битола со музичко-сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина и ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, Кочани со сплет на ора од Осоговијата.

На 5-ти јули 2024 година, на „Долни Сарај“ ќе настапат „Севернашки ансамбл“ од Бугарија, Фолклорното студио „Блажески“ од Скопје, Фолклорен ансамбл „Бисери“ од Охрид, КУД „Круг“ од Сиднеј и КУД „Бенџо“ од Мелбурн, Австралија.

Влезот за сите настани е слободен, а aлтернативна сцена е големата сала во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука