Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ги известуваат сите учесници во сообраќајот, дека поради изведување на градежни работи на улицата „7-ми Ноември“, во четврток, петок и сабота, на 4-ти, 5-ти и 6-ти јули 2024 година, ќе се воведе времен режим на сообраќај со затворање на улицата во три фази.
– Прва фаза од кружен тек пред ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до крстосница со улица „Питу Гули“ (Бензинска пумпа).
– Втора фаза од крстосница со улица „Питу Гули“ до крстосница со улица „Васил Главинов“.
– Трета фаза од крстосница со улица „Васил Главинов“ до крстосница со улица „Егејска“.
За време на затворањето на улицата, сообраќајот ќе се насочува по други алтернативни улици.
– Учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и доколку постои можност да го избегнуваат за сообраќај овој дел на градот, апелираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес