Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските рап артисти Благој Шикоски- Багзи и Мечкаров, заедно со Агуш Мемишов снимија една различна песна од досегашните со кои навикнавме да ги слушаме и гледаме.
– Песната е насловена „Што ми правиш ти?“. Текстот е на Благој Шикоски, а спотот е снимен во познатата населба „Баиро“ во Битола. Музичката приказна зборува за една искрена љубов која не е оптоварена од материјалното и етничката припадност, велат Багзи и Мечаров.
Песната е снимена во студиото на Наум Долоски, Mecka Warrior Production во Охрид. Станува збор за нивната шеста заедничка соработка, а музичарите за брзо најавуваат уште еден летен хит. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36