Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Куќата на Робевци во Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“.

Оваа четврта едиција на изложбата „Антологија“ е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ „Завод и Музеј“ од Охрид.

На изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски.

Куратор на изложбата ќе биде м-р Сашо Блажески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука