Охрид, 3. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски радио водител Жанко ЗШ Голабоски, на неговиот профил на Facebook објави интересен стар документ за се’ она што некогаш охридските фамилии, на овој ден, го носеле во манасторот Св. Наум.
– За многу години Свети Наум… Еве што носеле охридските фамилии на овој ден пред години во манастирот Свети Наум, порача Голабоски.
Свети Наум Охридски Чудотворец (роден 830, починал на 23-ти декември 910) бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 71