Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

На факултетите во Охрид во академската 2023/2024 година се запишале вкупно 835 студенти

Охрид, 4. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во академската 2023/2024 година на високообразовните установи во Охрид се запишале вкупно 835 студенти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ Охрид) се запишале вкупно 521 студент, од кои 493 како редовни. Запишани се 119 во прва година, во втора се запишале 136, во трета 94 и во четврта 172 студенти.

На факултетите во склоп на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се запишале вкупно 314, сите редовни студенти. Од нив, 127 во прва, 41 во втора, 55 во трета и 91 во четврта. Најмногу студенти се запишани на Факултетот за компјутерски науки и инженерство.

На државно ниво во академската 2023/2024 година се запишале вкупно 52.316 студенти, што претставува
намалување за 2.8 % во однос на академската 2022/2023 година.

Најголем број студенти (77.9 %) се запишале на државните, додека 22.1 % се запишале на
приватните високообразовни установи.

На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 15. 330 студенти (тука се опфатени и
студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука