Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Градскиот хор Vox Lychnidos вечерва настапува во натпреварувачкиот дел на Интернационален хорски фестивал во Ниш

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos под диригентската палка на Бурим Хидри вечерва ќе настапи во натпреварувачкиот дел на 29-от Интернационален хорски фестивал „Блистави гласови“, што се одржува во Ниш, Србија.

Впечатливо за овој фестивал е што хоровите не се пријавуваат, туку се натпреваруваат на покана на организаторите.

Ќе изведат четири композиции, меѓу нив и од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, насловена Bum ta ka bum, наменета за осум гласен мешан хорски состав и напишана специјално за Vox Lychnidos.

Охридскиот, настапува во иста вечер со хорови од Србија, Грција, Турција и Молдавија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука