Избор Локална самоуправа

Грчка делегација од градот Костур во работна посета на Општина Охрид

Охрид, 3. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Делегација од градот Костур, Република Грција, предводена од вице-гувернерот Димитриос Савополус, претставници од Археолошкиот завод за антиквитети, од Регионалниот фонд за развој и советници од градоначалникот беа во работна посета на Општина Охрид.

Гостите од Грција ги прими заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.

Целта на средбата беше воспоставување соработка меѓу соседните области коишто имааат слични карактеристики. Воспоставување комуникации и споделување корисни практики кои во иднина би овозможиле реализирање на заеднички проекти.

На состанокот се разговараше за туристичките ориентации на Охрид како најголем туристички центар во државава, бројот на странски туристи и културни карактеристики на градот како и инфраструктурните предизвици со кои се соочува. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука