Охрид, 3. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ како алтернативна локација поради временските услови, со настапот на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, вечерва беше отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри.
Инаку, настание во рамки на фестивалот започнаа синоќа со традиционалната изложба „Моменти“, изложба на фотографии од авторот Антонио Стојчески.
За утре се предвидени настапите на „Севернашки ансамбл“ од Република Бугарија, како и КУД „Илинден“ од Битола со музичко-сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина и ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, Кочани со сплет на ора од Осоговијата.
Во петок, на 5-ти јули 2024 година, на „Долни Сарај“ ќе настапат „Севернашки ансамбл“ од Бугарија, Фолклорното студио „Блажески“ од Скопје, Фолклорен ансамбл „Бисери“ од Охрид, КУД „Круг“ од Сиднеј и КУД „Бенџо“ од Мелбурн, Австралија.
Влезот за сите настани е слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Miki Piruze