Охрид, 4. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Стариот музички мајстор Владо Калембер ја сними новата песна „У љубави смо краљеви и просјаци“, за која текстот го напиша Саша Драгиќ, музиката е на Григор Копров, додека аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски.
Паралелно со радио-промоцијата во Македонија, Калембер ќе реализира и видео-спот за овој прекрасен летен хит.
Инаку, оваа авторска тројка првпат соработува заедно. Некогашниот фронтмен на „Сребрена крила“, Владо Калембер е роден во Струмица и безмалку половина век е популарен во регионот, и во Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Леонора Бедиќ
Прочитано: 77