Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На сцената кај ТЦ „Амам“, вечерва со почеток од 20:00 часот, со изведбата на театарската претстава „Црвенкапа“ на „Палата Арт“ продукција, продолжува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“.
Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид, а сите посетители ќе добијат пригоден подарок од компанијата Витаминка – Стоби флипс.
На отворените сцени на Долни Сарај, плоштадот „Крушевска Република“, плоштад „Вангел Наумовски“ (кај Мини маркет), Лапидариум, Градски плоштад „Свети Климент Охридски“ и други јавни површини во градот ќе бидат изведени детските театарски претстави „Цветко и градината“, „Разгалениот принц“, „Младиот чорбаџија“, „Дизајнерот Далматинко“ и „Црвенкапа“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива