Струга, 4. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водата во водоводниот систем во струшкото село Радожда, со кој стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ од Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците, информираат од Јавното претпријатие.
– Првичните резултати од микробиолошката анализа од земените примероци утрово од две места од водоводот во селото се очекуваат во наредните два дена, изјави за МИА Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје од Охрид.
Од ЈП „Водовод и канализација“ од Струга апелираат до населението да не се користи водата за пиење до следното известување, посочувајќи дека превземаат мерки за нормализирање на состојбата. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 65