Забава Избор

SUPER Fresh Music: Karol G – Si Antes Te Hubiera Conocido

Охрид, 22. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една од најслушаните млади латино ѕвезди, Karol G ја отвора летната сезона со синглот „Si Antes Te Hubiera Conocido“ кој повикува на танцување и нови летни романси.

Зад продукцијата на оваа среќна и лежерна песна стои Coke Studio, а текстот на песната зборува за слобода и љубов која се буди со летото.

– Кога за прв пат ја изведов песната не знаев ни што ми се допадна повеќе – најверојатно енергијата на публиката, порача Karol G на својот официјален Instagram профил.

Почетокот на годината за неа го одбележа титулата што и ја додели престижниот Billboard, кој ја прогласи за латино жена на годината. Пејачката моментално е на летна турнеја од десет градови, која според бројките ќе стане најуспешната европска турнеја на некој латино уметник.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука