Забава Избор

SUPER Fresh Music: Lola Young – This Wasn’t Meant For You Anyway

Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младата R&B и поп-ѕвезда Lola Young го објави својот трет студиски албум „This Wasn’t Meant For You Anyway“ кој е совршена одлика на сите особини на нејзината личност – романтичен хаос, хистерија, сатира и хумор со мрачни мотиви.

Провокативните стихови без цензура во голема мера станаа бренд на Lola и сите нејзини синглови од почетокот на годината, кои се и во ова издание, се работени во ист стил.

– Имам многу да кажам за овој албум и сите емоции не можеа да се вклопат во една објава на Instagram, но изданието се роди со многу труд, солзи, крв и пот. Ова е дел од мене кој ќе постои засекогаш и ви кажува зошто никогаш не се откажав и зошто требаше да бидам таму каде што сум, порача Lola.

Британската кантавторка е особено вредна од почетокот на оваа година, имајќи предвид дека во јануари и февруари веќе објави два нови сингла кои тематски се надоврзуваат на изданието „Conceited“ претставено минатата есен, а во април блесна благодарение на „Big Brown Eyes“.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука