Забава Избор

Camila Cabello го претстави четвртиот студиски албум „C,XOXO“

Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една од најголемите светски поп сензации, Camila Cabello го претстави четвртиот студиски албум „C,XOXO“, нејзиното најзрело и најхрабро издание досега.

Носи 14 експериментални песни во модерен Hip-Hop стил, а на албумот се и добро познатите синглови „I Luv It“ и „He Knows“, кои ја освоија публиката не само со новиот звук, туку и со шармот и заводлива харизма на Camila.

Престижните Rolling Stone и Billboard ја окарактеризираа младата дама како „храбра и посигурна од кога било“, а за албумот велат дека е „брилијантен“ и „бестрашен“.

Најпопуларната поранешна членка на Fifth Harmony го обиколи светот како соло уметник од 2018 година, а стилот што го донесе на нејзините нови синглови ја однесе на самиот врв на светските топ листи и ги даде нејзините глобални хитови како „Havana“, „BamBam“, а особено „Señorita“, која заедно со Shawn Mendes и денес е нејзиниот најголем хит со милијарди слушања на музичките платформи.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука