Забава Избор

SUPER Fresh Music: Ice Spice – Phat Butt

Охрид, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една од најуспешните хип-хоп изведувачки на новата генерација, Ice Spice ја објави огнената песна „Phat Butt“ во која ја истакнува нејзината непобитна харизма и самодоверба.

Естетиката на песната, како и нејзиниот претходен сингл „Gimmie A Light“, носи енергија од 2000-тите, во согласност со насловот на нејзиното претстојно студиско издание „Y2K!“, кое ќе ја види светлината на денот токму денеска, 26-ти јули.

Со оглед на тоа што младата музичарка имаше низа успеси во текот на 2023 година, работата на синглот „Phat Butt“ му ја довери и на нејзиниот редовен соработник RiotUSA кој и го подари еден од најголемите хитови во нејзината кариера, песната „Munch (Feelin U)“.

Ice Spice ќе го промовира новото издание како дел од нејзината летна американска турнеја, каде ќе одржи повеќе од 20 концерти.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука