Забава Избор

Констракта го претстави новиот сингл „Забава“

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најистакнатите уметници на регионалната музичка сцена, Констракта го претставува својот нов сингл „Забава“ кој ја истражува забавата како најмоќната алатка во современиот свет.

Синглот е пропратен со свеж и уникатен звук, а како авторка позната по тоа што преку музиката зборува за важни општествени прашања, овојпат Констракта го искажува својот став за забавата како феномен кој ги надминува и присвојува сите активности, пасивира и исцрпува. Во светот на заземање позиции, идентитети, класификации и верувања, песната нагласува колку суштински и реално ништо не се случува.

– Немам време за тоа, немам време за ништо, морам да се забавувам, беше јасен одговор на Конструкта на прашањето за значењето на песната.

Автори на музиката се Ана Ѓуриќ Констракта и нејзиниот соработник од бендот Земја Грува, Милован Бошковиќ, а аранжманот го потпишуваат двајцата и нејзините долгогодишни соработници Јован Антиќ и Иван Бон. Текстот на песната го напишала самата Конструкта, а синглот е создаден во домашното студио на музичарот Groveland. Синглот е издаден за Virgin Music Label & Artist Services, која е дел од големото семејство Universal Music.

Ана Ѓуриќ, попозната по уметничкото име Констракта, неодамна го најави својот прв голем солистички концерт во Белград. Заедно со матичниот бенд Земја Грува, музичарката во четврток на 19-ти септември од 20:30 часот ќе настапи во Сината сала на Сава центар во Белград и ќе приреди на публиката посебен аудио-визуелен настап. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука