Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Матурантите со просечна оценка 3,25, детектирани 175 ученици кои препишувале и 22 плагијати

Скопје/Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25 и споредбено со минатите години, бележи намалување кое, според Државниот испитен центар е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени.

Откриени се 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека 4 ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања.

При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати.

На 268 ученици на кои им е изречена мерката поништување на испитот ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

МОН ќе почне преговори со универзитетите за ослободување на поголеми простори и амфитеатри, за од следната година таму да може да се спроведува државната матура, при што ќе се инсистира истите да имаат и блокатори за телефони за матурантите да не ги користат мобилните апликации. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука