Охрид, 9. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка, локалната самоуправа ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Охрид дека денеска ќе спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.
– Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 часот во вторник до 06:00 часот во среда. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива