Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со четириесет и пет точки на дневниот ред, денес се одржа 43. седница на Советот на Општина Охрид.
Првите десет точки од дневниот ред се однесуваа на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, а поголемиот дел од денешната работа на советниците помина во усвојување на измените во програмите за работа во сите сектори од општинската администрација.
Во продолжение на работата, советниците ги усвоија измените и дополнувањата во општинскиот буџетот за 2024 година, а беа донесени и неколку одлуки од урбанистичката сфера. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 40