Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Bro’s Burger Station денеска одбележува една година работа на новата локација во центарот на градот

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршува една години откако супер успешна охридска бургер приказна, Bro’s Burger Station, продолжи да работи во новиот објект, во центарот на градот.

Браќата Филип и Бојан Стојковски започнаа спонтано, но за кратко време создадоа бренд, наметнувајќи се со квалитетот на храната и услугата, а покажаа и иновативност во создавање нови вкусови на бургери веќе полни шест години.

– Со големо задоволство, ја прославуваме нашата прва годишнина во новиот објект. За нас беше чест да бидеме дел од вашите моменти. По повод овој ден, ви подготвивме специјален настан „Вечера на зајдисонце и дружба со нас и пивара „Бакревски“. Покрај нашата целосна понуда, ќе се служи и „Secret sauce“ бургерот, како и нашиот пекарски компир со топен кашкавал. Уште и крафт пиво – за првпат во нашиот објект, ќе има штанд со точени пива од Пивара „Бакревски“. Подгответе се за разновидна понуда на одлични пива, со кои ќе го надополните вашето уживање во нашите бургери, порачуваат од Bro’s Burger Station.

Најавуваат и добра забава со жива музика која ќе го направи овој настан уште покомплетен. Стартот е во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука