Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Владата ја одложи имплементацијата на дел од концепцијата за наставните планови и програми за седмо, осмо и деветто одделение

Скопје, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на Владата на Република Македонија од денеска се одложува имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите.

– Ова решение всушност ќе овозможи да надминеме еден сериозен проблем наталожен долги години. Веќе наназад неколку години вие знаете на недостаток на учебници. Секојдневно макотрпно работевме на изнаоѓање решение за овој проблем, дадовме максимални напори. Секојдневно бевме во комуникација, се среќававме со Бирото за развој на образование за да изнајдеме решение и конечно тоа и се случи и со силни барања, со силни напори, успеавме да обезбедиме всушност учебници за децата и оваа година. Станува збор за седмо одделение, нагласувам и оваа година учениците во Македонија ќе имаат учебници за разлика од претходните години, кога процесот на креирање, печатење, одобрување на учебници од за нас навистина непознати причини, а претпоставувам повеќе познати на јавноста причини беше неодржлив, променлив, со бројни промени во повиците со грешки во учебниците и така натаму. После одлуката на оваа влада ние почнуваме со позитивните промени, и да, децата оваа година на 1-ви септември ќе имаат учебници, порача денеска министерката за образование Весна Јаневска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука