Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Мерак за паметење со новите „Мерак моменти“ синоќа во „Форт Кафе“ и забавата со Владо Броз и Dj Марама и хитовите на Здравко Чолиќ (Фото/Видео)

Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со хитовите на Здравко Чолиќ, но и многу други, Владо Броз и Dj Марама, синоќа направија мерак за паметење како дел од новите „Мерак моменти“ во охридското „Форт Кафе“.

Со последната забава и новиот концепт, „Форт Кафе“ го потврди статусот на место кое има сериозен пристап кон забавата и понудата која ја испорачува до сите кои се редовни посетители во ова катче, кое си го најде своето место во угостителската понуда на преубавиот Охрид.

– Вистинска вечер на уживање и сеќавање на најголемите хитови на стариот музички мајстор, порачаа од охридското „Форт Кафе“.

„Мерак моментите“ во Форт кафе се уште едно заедничко дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука