Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

GiveAway на Тиквеш и Тамаро: Дали сте подготвени да го погледнете светот во очи? Нурни се во уникатното искуство што го нуди Luda Mara

Охрид, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, на Facebook профилот на Супер радио, започнува најновиот GiveAway на Тиквеш и Тамаро.

– Време е за подароци, време е ова најубаво лето да го направиме уште поубаво. Дали сте подготвени да го погледнете светот во очи? Откријте jа еволуцијата на брендот Luda Mara инспириран од реката Луда Мара што тече низ тиквешкиот вински регион која има клучна улога во хранењето на почвата на која расте нашето грозје. Освежен со нов дизајн и збогатен со нови производи, заедно со омилените Temjanika и Vranec, ги претставуваме новите вина White Cuvée и Red Cuvée, создадени за да ja отсликаат хармонијата меѓу непредвидливата сила на природата и човечкиот креативен дух. Избегај од секодневното, живеј во моментот, истражувај нови хоризонти и нурни се во уникатното искуство што го нуди Luda Mara. Добре дојде во новото поглавје на Luda Mara, порачуваат од Тиквеш и Тамаро.

Нека секој момент поминат со чаша Luda Mara во раката биде исклучителен, конзумирајте одговорно и учествувајте во наградната игра која започнува денеска во 10:00 часот на Facebook профилот на Супер радио и ќе трае до крајот на август. Секој работен ден за вас имаме вредни награди од нашите пријатели од Тиквеш. Извлекувањето ќе биде пред 16:00 часот.

– Треба само да го тагирате пријателот кој знае да ужива во пијалокот на Боговите и да го споделите постот. Ова лето Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука