Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Наскоро ќе се одржи 4. издание на манифестацијата „Малите Ѕвездички со К-2“

Охрид, 7. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 26-ти јули 2024 година, на малиот плоштад „Вангел Наумоски“ позади Мини Маркет, ќе се одржи 4. издание на музичко сценската манифестација „Малите Ѕвездички со К-2“.

– Почитувани пријатели, родители, дечиња и наши фанови. Од името на малите К-2 Ѕвездички и мојата креативна музичка работилница Ве покануваме на 26-ти јули на малото плоштадче „Вангел Наумовски“ (кај Мини Маркет) да го проследите четвртото издание на музичко сценската манифестација „Малите Ѕвездички со К-2“. Ќе настапат повеќе од 20 дечиња со авторски песнички од нашата работилница создадени во тековната година и ќе доделиме дипломи на деца и млади што постигнале успех на полето на уметноста, културата, спортот и образованието, открива главниот „виновник“ за оваа манифестација, организаторот Јовица Каралиевски.

Тој додава дека, откако (минатата година) ја откриле убавината на оваа локација за вакви настани, решиле и понатаму традиционално да се одржува тука. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука