ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Анкета: „Перцепција на автентичноста на локалитетите на наследството на УНЕСКО: дизајнот на новата изградба и заштитата на интегритетот во Охрид, Република Македонија“

Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вработени во НУ Завод и Музеј Охрид во соработка со д-р Александар Милојковиќ, вонреден професор од Градежниот и Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Ниш – отсек Архитектура, заедно со постдипломски студенти, спроведуваат интересен научен проект кој се занимава со заштита на архитектонското наследство и ревитализацијата на историски градови.

Како дел од активностите и една од темите е посветена на актуелните прашања за автентичноста, како и соодветните современи интервенции во заштитеното урбано ткиво. Во таа насока, намерата е дел од истражувањето да се посвети на проблемите од овој тип со кои се соочува Охрид, како најзначаен урбанистичко-архитектонски ентитет од овој тип во нашиот регион и пошироко.

– Колегите од Ниш се запознаа со проблемите со кои секојдневно се среќаваме, направија увид во соодветната, планска и друга документација и се разви дискусија за истото. Од сето тоа произлезе интересна анкета која ја споделуваме и би сакале што повеќе учесници да ја пополнат заради поверодостојни анализи, податоци и резултати кои би ни биле од голема корист за идните планови за управување со историското јадро на Охрид. Анкетата е наменета за сите граѓани, жители на Охрид но и посетители и вљубеници во градот кои сакаат да придонесат за заштита на градителското наследство, информираат од Завод и Музеј Охрид.

На овој ЛИНК можете да пристапите кон пополнување на анкетата со работен наслов „Перцепција на автентичноста на локалитетите на наследството на УНЕСКО: дизајнот на новата изградба и заштитата на интегритетот во Охрид, Република Македонија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука