Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Детали за сообраќајната несреќа на патниот правец Охрид-Ресен, загина 23 годишен мотоциклист

Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во вчерашната сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Ресен, загина 23 годишен мотоциклист од битолското село Горно Оризари.

– На 07.07.2024 година во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информираат од СВР Охрид.

Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи. Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука