Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот Конкурс за најдобар расказ.
– Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Maкeдонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака: За Конкурсот за расказ. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, а краен рок за доставување на трудовите е 31-ви јули 2024 година. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8-ми август 2024 година, информираат организаторите.
Додаваат дека наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.
Доставените трудови не се враќаат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива