ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица: Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи, бараме инспекциски надзор

Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве од група граѓани добивме информации за узурпација на охридското крајбрежје со поставување лежалки, педалинки, тезги и друга урбана опрема, стои во дописот до медиумите од партиајта Левица.

– Поднесовме Барање за вонреден инспекциски надзор до Управата за јавни проходи, Комунална инспекција и Пазарна инспекција за да се утврди дали поставените лежалки, чадори и летни реквизити од баровите на плажите е согласно со законите за доделување концесии во Република Македонија, реагираат од партијата.

Потсетуваат дека пред неколку месеци, пред почетокот на летната сезона, реагирале поради градежни зафати на самиот езерески брег кај „Канео“ и дека поднеле Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор.

– Од инспекциската служба добивме одговор дека се гради од „непознат сторител“ што е јасен сигнал дека и инспекциските служби се соучесници во организираното заробување на Охридското Езеро од страна на концесионерите, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука