Охрид, 9. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот македонски гитарист, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски беше специјален гостин на концертот на групата „Нокаут“ на една од најмагичните сцени во Македонија – битолската Хераклеа, заедно со Дарко Гелев – Брејк.
– На прекрасниот концерт во Хераклеа, како и на оние четири концерти одржани во Македонската Филхармонинија, целовечерен гостин ни беше извонредниот Дамјан Пејчиноски, кој не придружуваше на гитара во текот на целиот концерт. Дамјан е познат како еден од најдобрите гитаристи во Македонија,балканот и пошироко. На концертот на „Нокаут“ во Хераклеа, иако многу суптилен, повлечен, претопен во аранжманите, уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите. Неговата виртуозност и страст кон музиката ќе не следат и во сабота на 27-ми јули 2024 година во Античкиот Театар во Охрид, воедно и негов роден град во кој што
живее, работи и твори. Ти благодариме Дамјан,што си дел од ова незаборавно искуство и што внесуваш посебна магија на секоја песна во „Нокаут“ на оваа наша турнеја, порача лидерот на „Нокаут“ Никола Перевски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива