Охрид, 9. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Документи од секторот урбанизам при Општина Охрид во средена и обработена форма предадени на Охридскиот Архив.
– Голем и значаен чекор во значајноста на градежната документација а во интерес жителите на град Охрид. Документацијата е за периодот од 1991 до 2000 година со што имаме континуитет на документација од 1964 до 2000 година. Благодарност до тимовите од Општина Охрид и Архив Охрид што започнаа и успешно завршија една од етапите за документацијата. Се продолжува со работа…, информираат од Охридскиот Архив.
Предавањето на документацијата произлегува од потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Државен Архив и Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35