Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Дојди на трпезата: Втор Конгрес на Слоу Фуд Македонија во Битола

Охрид/Битола, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Дојди на трпезата“, во недела, на 14-ти јули 2024 година во Битола ќе се одржи вториот Конгрес на Слоу Фуд Македонија.

„Сè е подготвено“, дојдете на гозбата!
Дојдете, зашто трпезата сега е наместена;
Вие гладни, уморни, дојдете,
И ќе бидете богато нахранети.“

– Инспирацијата за „големата гозба“ ја најдовме во Библијата, позната како свадбарска гозба, каде сите се повикани на трпезата. Преку многубројните пораки и ние каниме на трпеза, за да кажеме, споделиме и да се обединиме во различностите. „Дојди на трпезата“ е мотото на Вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија што ќе се случува во недела во Битола. Овие денови се одржуваат Собранијата на сите конвивиуми, се избираат нови Управни одбори, старо-нови лидери, а познати се и делегатите кои ќе присуствуваат на конгресот. На конгресот, како мираз, Слоу Фуд Македонија ќе ја донесе колективната работа за споделување и градење предизвици на заедничката судбина, што ја имаат основната премиса во посветеноста да се бориме за добра, чиста и правична храна за сите, порачуваат организаторите.

Додаваат дека станува збор за предизвик што повикува на итна и длабока промена на нашата храна, што ќе ја консолидира и култивира мрежата на активисти на Слоу Фуд Македонија.

– Дојди на трпезата. Вкуси ја Слоу Фуд храната. Запознај ги Слоу Фуд луѓето. Да иницираме промени преку нашата храна, потенцираат од Slow Food Ohrid. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Slow Food Ohrid

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука