Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Француски булдог победник на изложбата на кучиња Lychnidos Cup CAC 2024

Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Кинолошкото друштво „Охрид“ од Охрид, во СРЦ „Билјанини извори“, до тениските игралишта, викендов се одржа ноќна изложба на кучиња Lychnidos Cup CAC 2024.

Учествуваа повеќе од 100 учесници со различни раси на кучиња и во различни категории меѓу нив имаше претставници од нашите македонски непризнати раси како што се Македонско овчарско куче Караман, Македонски царски загар и Македонски Паничар. Судии беа Габриел Стибел, Драган Китаноски и Алојз Стибел, а делегат на изложбата беше Љупчо Петрески.

Изложбата ја отвори заменик градоначалникот на Општина Охрид, проф. Перчо Божиновски.

– Победник на целата изложба е Француски булдог, второпласиран беше Посавски гонич, а трето пласиран Вајмарански птичар, информираат организаторите.

Покрај учесници од Република Македонија, учество на изложбата зедоа претставници од Србија, Австрија, Грција и Германија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука